Според членот 81, претседателот на Собранието може да ја прекине седницата доколку нема кворум за одлучување, а може да ја прекине и во ситуации за кои тој ќе оцени дека треба да ја прекине, вели претседателот на Собранието Талат Џафери, во однос на седната за гласање на уставните измени.

Тој во гостувањето на „Вин Вин“ на Телма, посочи дека во случајот со уставните измени, станува збор за втора причина, односно за ситуација во која спикерот оценил дека седницата треба да се прекине.

Мое ексклузивно право е да оценувам дали да прекинувам седница или не. Ова право ми е загарантирано со Деловникот, изјави Џафери.

Според Џафери, во однос на претседателските избори, нема дилема дека тие мора да бидат редовни, а за да бидат редовни мора да бидат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател на државата. Како што посочи, мандатот на претседателот завршува на 12 мај.

Реперот е 12 мај, кога истекуваат 60 дена од мандатот. Вториот круг на претседателските изброи најдоцна може да биде на 5 мај, изјави Џафери.

Тој рече дека парламентарните избори во редовна постапка мора да бидат во последните 90 дена од мандатот на тековниот состав.

Прв ден најрано за изборите е 5 мај. Ако сакаме редовни претседателски и парламентарни избори, тие се сретнуваат на 5 мај. Се надвор од 5 мај се предвремени избори и треба да се распушти Собранието, рече Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.