Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека доколку опозицијата сака избори, тогаш треба да поднесе предлог до Собранието. Седницата, вели, Џафери, ќе ја свикам веднаш.

– Ако мислите за избори, уште сега поднесете предлог и истиот ден ќе ја свикам седницата, нема да ве спречувам во тоа. Волјата на пратениците, јас нема да ја попречам, ама не може да биде одлука на партиски орган дека сака избори. Таа партиска одлука треба да се преточи во постапка во Собранието од надлежни подносители на иницијативата, истакна Џафери



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.