Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека на состанокот на Советот за координација на безбедносните служби одржан пред десетина дена било формирано тело што го сочинуваат експерти од овие институции кои ќе работат на заштитата од хибридни закани, меѓу кои се и дојавите за бомби кои речиси секојдневно пристигнуваат на електорнските адреси на училишта и на јавни објекти во земјава.
Телото, како што информираше Ковачевски, ќе го координира Бирото за јавна безбедност, односно Министерството за внатрешни работи.
Почетокот на дојавите за поставени бомби, за кои Ковачевски посочи дека се хибридни напади, тој го лоцираше паралелно со почетокот на војната во Украина, односно руската агресија врз земјата.
Дополнително, додаде тој, има и имитирачки закани кои се прават од наши граѓани, во најголем дел малолетници.
„Тука сакам да пратам порака како родител и како премиер дека младите не треба да го прават тоа, бидејќи станува збор за тешки кривични дела од областа на тероризмот. Сметам дека не треба овие луѓе уште од млади години да се наоѓаат на такви листи кои што ќе ги карактеризираат целиот нивни живот како терористи. Упатувам апел до сите млади и сите граѓани да не навлегуваат во такви активности бидејќи тоа не носи добро на општеството, а најмалку им носи добро на нив“, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.