Пропуштаме како партија да имаме добар изборен процес, во кој сите поранешни претседатели ќе излезат со јасен став дека трката е отворена и дека секој член има право да го изрази својот став за фер и отворен процес без да фаворизираме никого.

Тој елемент можеби недостасува, дека ниту еден од лидерите ниту партиски членови не застанува позади никого, искрен е кандидатот за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски.

@republika.onlineЈован Деспотовски♬ original sound – Republika online

Во политиката впечаток е се. Поддршката или перцепцијата за поддршката за некој од кандидатите создава и позтивна реакција кај луѓето, но и негативна реакција. Овие избори не треба да се претворат во референдум „за“ или „против“ туку да бидат аргументи, начин, програма. Мора да имаме позитивен пристап – објаснува Деспотовски во интервјуто за „Република“, кое ќе биде објавено в сабота.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.