Во Собранието за денеска е закажана 135 седница, на чиј дневен ред една од точките е Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
За претседател на ДКСК е предложена Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), која од членовите на Комисијата за селекција доби 76 бода. За членови на ДКСК предложени се судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска со освоени 75,86, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев со 74,28 и Бесник Џемаиљи со 74,14 бода, ревизорите Зоран Богоевски со 73,57, Цвета Ристовска со 70,57 и Демири Сервет со освоени 67,28 бода.
Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ако Собранието не избере претседател и членови на Државната комисија, постапката за избор се повторува во целост со објавување конкурс веднаш, а не подоцна од рок од десет дена.
Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.