Денеска е ден на жалост во Македонија, во чест и спомен на жртвите од стравичните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.
Согласно таквата одлука, радиодифузерите (телевизиите и радијата) треба соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост.
Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.