Движењето БЕСА, иако е за предвремени парламентарни избори, најавуваат став дека ќе ги поддржат сите предлози/закони кои се во интерес на граѓаните. Абдуш Демири во „Патот кон“, ги обвини владејачките партии дека им даваат предност на законите кои се во нивен личен интерес. Демири потсети и на штрајкот на наставниците и рече дека кај нас некои права може да се постигнат само со штрајкови, протести и други иницијативи.

Како опозициски политички субјект и ние сме многу заинтересирани земјата што поскоро да оди на предвремени парламентарни избори, што значи дека ќе ги искористиме сите можни демократски механизми за да ја постигнеме оваа цел и тој правец исто така нашите пратеници во собранието ќе бидат на оваа линија. Но, тоа значи дека за работи кои се во директен интерес на граѓаните, тие иницијативи и проекти секако ќе се гласаат. Сведоци сме на штрајк на вработените во образованието. Со многу труд и со штрајк за постигнување на целта. Ова можеше навреме да го донесе Владата, но еве парламентарното мнозинство ни испраќа порака дека тоа може да се добие само ако се вложат максимални напори преку разни механизми, штрајкови, протести и други иницијативи, рече Демири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.