Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денес оствари средба со новоименуваната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.

 

На средбата Вицепремиерот ја истакна важноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во овој важен момент за иднината на нашата држава.

 

Соговорниците се сложија дека успешно завршениот скрининг процес претставува голем реализиран чекор во процесот на евроинтергација, како и важноста за подготовка односно следење на патоказите и механизмот за владеење на правото  каде што антикорупциската комисија има важна улога.

 

На средбата Маричиќ се сложи со Димитровска дека спроведувањето и почитувањето на законите како и независното и објективно делување на институцијата се согласно политиките на доброто владеење, европското законодавство и спречувањето на корупцијата и судирот на интересите, унапредување на интегритетот на институциите како приоритет за промоција на европските вредности за кои се залагаме.

 

Маричиќ го изрази своето расположение за соработка на институцијата во борбата против корупцијата, за која што посебно се залага како Вицепремиер во Владата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.