Од Меѓународниот аеродром Скопје утрово кон Канада заминаа група од шеснаесет граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период нашата земја обезбеди привремен престој како дел од светската хуманитарна акција за помош на продемократското население во Авганистан кое е во опасност од новиот талибански режим во таа земја.

-Станува збор за вработени, соработници и членови на нивните семејства на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ каде што Македонија е официјална членка. Претходно во два наврата заминаа уште десетмина граѓани на кои, исто така, крајно одредиште им е Канада, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски на редовната прес-конференција.

Во земјава во моментов престојуваат 542 авганистански граѓани на кои, рече Арсовски, институциите им ја даваат потребната поддршка и помош.

Од земјава досега заминаа 178 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот, додаде владиниот портпарол



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.