Одлуката за новата в.д. влада нема да биде поврзана со желбите мотивите и барања на било кое партиско раководство. Одлуката била мотивирана за тоа дали и како ќе сме опстанеле како држава. Стани Таче, стани да те види цела сала и кажи дека одлуката за нова Влада е само од личните желби за останување на власт за да продолжите со крадење нема никаков друг мотив и да завршиме со циркусот. Единствените кочничари кон ЕУ интегративните процеси сте вие и никој друг. Затоа памет во глава и престанете со празното дробење слама за ЕУ бидејќи Европската Унија е вредности и мерит систем а не ова што вие го правите“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната собраниска седница.

Јанушев додаде дека Европската Унија не е политика не желби, туку Европската Унија е политика на вредности и политика на мерит систем.

Покрај евроскепцитизмот кој го создавате кај граѓаните во Република Македонија кој патем е најголем во историјата на Македонија граѓаните сакаат да го продолжат патот кон Европската Унија, но не со вас бидејќи граѓаните знаат дека тоа е невозможна мисија и затоа сакаат вистински промени. Потребно е еднаш и засекогаш да разберете дека во политиката не се влегува за да ве сакаат туку за да ве почитуваат. Работењето за народот и државата значат многу работи, посета на многу места, познавање со проблемите на многу луѓе, а некогаш има победи, а некогаш падови и тоа е нормално“, кажа Јанушев.

Јанушев потенцираше дека колегите од власта паѓаат и крајот им е блиску а тогаш дел ќе останат запаметени како најнсепсообните, дел како соработниците, а најголем дел заборавени. Еден добар дел ќе завршите, по затворите за криминалите и предавството кое го правите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.