Докторите Дејан Филиповиќ и Беким Поцеста се назначени за нови директори на Клиниката за дерматовенерологија и на Клиниката за кардиологија, соопшти Министерството за здравство. Д-р Филиповиќ доаѓа на местото на проф. д-р Сузана Николовска, а Поцеста на местото на д-р Жан Зимбаков.

За д-р Филиповиќ, од Министерството велат дека од 2018 е вработен на Кожната клиника како специјалист-дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Тој во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија на Универзитет „Кирил и Методиј”, член e на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, како и член на Европската академија за дерматологија и венерологија.

Д-р Поцеста e долгогодишен специјалист по кардиологија, кој од 2005 е вработен на Клиниката за кардиологија на Oдделот за интензивно лекување, како и во Службата за електрофизиологија и имплантација наелектростимулациски уреди. Во 2019 се стекнал со звање примариус. Тој и претходно бил директор на Кардиологија, од јули 2017 до февруари 2018.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.