Трпе Деаноски од УПОЗ во емисијата 24 анализа во рече дека имале тракалезна маса пред неколку недели инициран од Синдикатот на самостојните клинички центри во врска со законското решение за општиот колективен договор и законот за плати.

Сите синдикати од јавниот сектор заклучивме дека остро се спротивставуваме на овој закон, не се согласуваме со тоа и бараме повлекување на овој предлог текст и итен почеток на нов предлог текст. За нас ваквиот предлог текст е неприфатлив, рече Деаноски.

Тој рече дека на Социјално економскиот совет имало две точки, општиот колективниот договор и законот за плати во јавен сектор.

Се договоривме во петок да се формираат работни групи и тоа ќе биде утре на седница на Влада. Тие ќе формираат работна група, ни ќе номинираме наши членови и во петок ќе почнеме на работа на општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор. Ќе видиме која е намерата на Владата и ќе работиме на прелог за колективен договор предложен од ССМ во 2021 година. Сега ситуацијата е драсточно променета и ако ги видиме законските решенија оттогаш до сега, ништо не е исто. Очекувавме Владата да даде некои предлози во која насока ќе оди тоа, особено за платите, рече Деаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.