Професорот на Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс во САД, Даниел Сервер, во интервју за „Слободен печат“ вели дека „реално, проблемите меѓу Бугарија и Македонија не се многу големи, освен, се разбира за луѓето што се директно вклучени“.

Но, не гледам причина да не бидат решени, вели Сервер во интервјуто,  во кое се осврнува и на состојбите во регионот, но и на конфликтот во Украина.

На прашањето дали Македонија, која е заглавена во „обвинувaњата“ од Бугарија, овој пат за почитување на правата на Бугарите во земјата, може да очекува крај на условите од Бугарија или треба да се подготви за долго „заложништво“ од страна на Софија, Сервер вели дека „секогаш е мудро да се биде подготвен за долг натпревар.

Сервер, во интервјуто зборува и за прашањето околу вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, и дали треба да се инсистира на некаков реципроцитет од македонска страна, особено што во Бугарија Македонците не се признаени како малцинство, а има и 16 пресуди од Судот во Стразбур за тоа што Бугарија не дозволува регистрирање на партија на Македонците.

Јас сум поборник на реципроцитет. Тоа ги тера оние што бараат нешто двапати да размислат за тоа што го бараат, вели Сервер.

Целото интервју на „Слободен печат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.