Повторно се разбуди духот на нарушени меѓучовечки односи во Судскиот совет, известува „Сител“ од денешната седница, на која, меѓудругото се утврдуваше дали разрешената претседателка Весна Дамева криела судир на интереси. Како што беше соопштено, нејзиниот сопруг водел спорови пред судии за чии разрешувања или унапредувања одлучувала таа. Ја советуваа дека морала да праша дали некој член од семејството се тужи, ама Дамеви, дома не разговарале за работа.

Екс-претседателката, пак, обвини дека се води хајка против неа. Тврди дека го информирала советот веднаш штом дознала за можниот судир на интереси. Засега знае за двајца судии, а колку судски спорови води сопругот на Весна Дамева, советот дополнително ќе анализира.

Неодамна, холандскиот амбасадор советот го оцени како нелигитимно тело и привремено прекина проект за судски од 1 милион евра.

Видео на „Сител



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.