Скрининг процесот беше најавен на 19 јули, веднаш по одржувањето на првата Меѓувладина конференција, но сепак овој процес по кластери и поглавја официјално почнува на 15 септември и се очекува да заврши до ноември 2023 година.
Но дали знаете што е всушност скрининг?
Скринингот претставува прва фаза во преговарачкиот процес, кој иако е техничка операција, е суштински елемент на пристапните преговори, бидејќи ја дава сликата за се што треба да се направи во годините што следат со цел да се спроведат реформите од ЕУ агендата и да се отворат и затворат поглавјата и кластерите. Инаку, земјава веќе во 2018 и 2019 година помина една фаза на објаснувачки и подготвителни состаноци за сите 33 поглавја пред да се објави новата методологија за проширување на Унијата и во овој период Европската комисија и презентираше преку 8.000 ЕУ акти, во кој процес беа вклучени околу 2.000 државни служебници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.