МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски, што ја отвора дилемата дали Вања можела да биде спасена.Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргнала во потрага по возилото на убиениот Панче по што полицијата ширум државата преку редовни контроли можела да го лоцира за неколку часа? прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку имала централна објава за возилото на тогаш исчезнатиот Панче многу мала е веројатноста дека истото слободно ќе се движело низ Скопје.

Истовремено Спасовски мора да каже зошто МВР не стапило во контакт со СВР Скопје, за преку системот Сејф Сити да се утврди дали истото е регистрирано на територија на Град Скопје, кога и каде.Системот ги имал сите мерки на располагање убиството на Панче да биде расчистено многу бргу, преку пронаоѓање на возилото кое му е одземено.Доколку МВР на Спасовски го пронашла возилото на убиениот Панче ќе дошла веднаш и до убијците, а животот на Вања ќе беше спасен.Спасовски е должен да одговори, зошто истрагата е водена бавно и со пропусти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.