Томислав Тунтев добива висока позиција во ТАВ. Според информации до кои дојде Република, по напуштањето директорска позиција во агенцијата за цивилно воздухопловство Тунтев се враќа на работна позиција главен советник на генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Некои медиуми објавија дека Тунтев се враќа во ТАВ Аеродром Охрид, како советник на директорот, но извори на Република тврдат дека тој добива повисока позиција, односно станува советник на генералниот директор,Курт.

Неговата оставка доаѓа непосредно пред промената на власта. Додека се конституира новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кадрите на СДСМ бараат спас. Дали ТАВ ги презема кадрите на СДСМ?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.