Димитар Ковачевски и СДС се самоцензурираат.И по месец дена откако најавија некаква Декларација за Илинден за  заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ, ниту Ковачевски, ниту СДС збор не изустиле што содржи истата и кога ќе ја поднесат, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДС и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа?До каде е и што содржи таа Декларација?Зошто Ковачевски и СДС се уште не ја поднеле и од што се исплашија?Уште еден неуспешен обид на владата на СДС и Ковачевски да се претстават пред граѓаните како некакви заштитници на македонскиот идентитет, јазик, историја, народ, култура и традиција.Ковачевски и СДС се откажаа од се што е македонско и се најголемите предавници на сопствениот народ и држава.Никој не го поддржува Ковачевски, СДС и ДУИ. Владата на СДС и ДУИ нема двотретинско мнозинство за уставни измени и затоа повикува на консензус. Но, единствено им е важен консензусот за ден повеќе да крадат.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Консензус за уставни промени нема. Консензус е можен само за одржување на предвремени парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.