Што правеше Претседателот на историската комисија  Драги Ѓоргиев сам во Софија, без другите членови на комисијата, прашуваат од ОМО Илинден Пирин.
Зошто во јануари 2022 со делегацијата на владата на СДС во Софија отпатува само претседателот на комисијата Драги Ѓоргиев, и што разговараше зад затворени врати со претседателот на бугарската историска комисија Ангел Димитров, кој порано работел за бугарските тајни служби?!
На кој начин е убедуван Драги Ѓоргиев да прифати промена на македонските учебници и да прифати дека повеќе историски личности се заеднички со Бугарија???
Да не заборавиме дека историчарот на Заев – Драги Ѓоргиев, изјави на телевизија дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, што воопшто не е точно, и е извадено од една реченица во едно Гоцево писмо до Никола Малешевски, каде Гоце користи иронија (сарказам) и чија целосна содржина на писмото Бугарите ја кријат. Во писмото Гоце Делчев всушност пишува дека бугарофилството е болест, исто како што во продолжение на писмото Делчев ќе пише дека меѓу некои Македонци имало и втора болест – гркоманството. Најголема потврда за лагата на Ѓоргиев е што во другите негови писма каде што се споменува националноста, Гоце Делчев јасно пишува дека е Македонец и работи за македонските национални интереси!
Како утре Драги Ѓоргиев ќе излезе пред Македонците и што ќе им каже на своите најблиски, кога вака безмилосно и подло, среде летен одмор, ја продава Македонија?!, велат од ОМО Илинден Пирин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.