Во врска со Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Клиниката за радиотерапија и онкологија за 2021 година ставот на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека:
➡️Не смее да се создава намерно и со умисла зависност од конкретен производител преку набавки на затворен систем при што опремата и потрошниот материјал се компатибилни
➡️Не смеело постапката за јавна набавка на биолошка терапија на УК Онкологија да ја спроведува Министерството за здравство, без барање од Клиниката за онкологија. Покрај тоа Клиниката за онкологија обезбедила согласност од МЗ, но не и согласност од Фондот за здравствено осигурување што не е во согласност со член 9 од Законот за здравствено осигурување
➡️Не смее набавките на “реверс” да бидат проформа постапката за јавна набавка и истата не може и не смее да биде наменета за однапред познат понудувач. Во тој случај дополнително понудувачот го наплатува претходно незаконски создаденото побарување по цена што нему му одговара, спротивно на начелото на конкуренција
➡️Не смее да има постапки за набавка без претходно обезбеден план од каде ќе бидат средствата. Имено, спроведена постапка за јавна набавка без претходно обезбедени средства претставува свесно создавање фиинансиска нестабилност, неликвидност и непотребна евентуална судска разрешница обременета со камати и судски трошоци што дополнително придонесува за неефикасно, неефективно и неекономично работење и резултира со неквалитет и дисконтинуитет во лекувањето
➡️Не смее опремата која е набавена да не биде во функција, бидејќи неставањето во функција на веќе набавената опрема повеќе од 7 години не претставува само непотребен трошок преку неоправдани трошоци за чување и намалени трошоци за лекување, туку и загуба на човечки животи
Оттука се наметнуваат следните прашања:
• Дали наодите на ДЗР претставуваат документ по “допрен глас”, “готов предмет” или “чиста ситуација”?
• Дали за ваквите постапувања или непостапувања е потребно повеќе од политичка одговорност?
• Дали има одговорност за непостапувањето по наодите за злоупотреби од страна на ДЗР?
• Дали има потреба од ревизија и на Клиниките за трансфузиологија и хематологија, за кои исто слушаме за низа неправилности од медиумите?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.