Македонија неколку изборни циклуси има проблем со т.н „фантомски гласачи“. Прочистување на избирачкиот список беше едно од барањата на СДСМ во Пржинската влада 2017 година

Демократскиот сојуз ги повика сите државни институции навреме да го средат избирачкиот список, односно, како што велат, да се прочисти од „фиктивни гласачи“.

Фантомски гласачи кои беа главна мантра на тогашната опозиција предводена од СДСМ.

Се споменуваше бројка од  дури  300.000 сомнителни гласачи. Поради тоа, на барање на тогашната опозиција предводена од СДСМ беше спроведена теренска проверка на сомнителни гласачи по што околу 30.000 беа привремено избришани од Избирачкиот список.

Покрај тоа, околу 200.000 граѓани за кои се претпоставуваше дека живеат во странство беа ставени на посебен список. Потоа т.н сомнителните гласачи повторно беа вратени во Избирачкиот список.

Демократскиот сојуз денеска ги повика сите државни институции навреме да го средат избирачкиот список, односно, како што велат, да се прочисти од „фиктивни гласачи“.

Во оваа насока посебно ја нагласуваме одговорноста на Државната изборна комисија, како и на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. Прочистувањето на избирачкиот список од можни фантомски гласачи, потоа од гласачи кои се иселиле од Македонија односно немаат постојано живеалиште во државата, како и од сите оние кои го изгубиле законскиот основ да бидат на избирачкиот список е законска обврска на ДИК – порачаа од партијата.

Со објавените резултати од пописот во 2021 година вкупниот број на население во Македонија изнесува 1.836.713, додека на избирачкиот список се запишани 1.824.864 гласачи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.