Пратеникот од Демократски Сојуз, Павле Трајанов вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори на прашањето дали Демократскиот Сојуз ќе го напушти парламентарното мнозинство доколку биде блокирана една изборна единица.
Тој вели дека они имаат принципиелен став.
И првата Влада кога се формираше и сега со Ковачевски разговаравме повеќе партии кои што сме носители на овој проект, разговаравме меѓудругото да биде дел од програмата на Владата измената на изборните правила и за тоа принципиелно се договоривме. СДСМ во јавноста принципиелно се држи до тој договор, меѓутоа со едно „ама“ или „ако“ – ако се обезбеди конзенсус. Консензус никогаш нема да се обезбеди, поготово сега тоа што го преговара министерот Тупанчевски – вели Трајанов.
Според него, тие ниту сакаат да уценуваат, ни да условуваат.
Не е проблем ние во овие услови, кога имаме енергетска криза, кога има последици од пандемијата, рефлексии на војната во Украина. Ние не сме до толку непринципиелни или да не водиме сметка за нашите национални државни интереси за да бараме сега Владата да ја срушиме. Ако се блокира овој процес, јас самиот не можам да ја срушам Владата или да предизвикам парламентарни избори, но има пратеници кои можеме и би гласале за предвремени парламентарни избори – додава Трајанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.