Бугарскиот професор Евгени Даинов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во Бугарија 80% од Бугарите сакале Македонија да биде членка на ЕУ, додека пак сега после три години 60% не сакаат.
Мојот фокус не е врз Македонија, мојот фокус не е врз примањето на Македонија во Европската унија, мојот фокус е насочен врз мојата земја, мојата татковина Бугарија и ова вето и рамковната позиција на владата пред три години и Декларацијата на парламентот создадоа исклучиво отровна атмосфера во самата Бугарија. Така бугарските политичари ја посочија Македонија и Македонците како непријатели. Се спроведе националистичка мобилизација а секогаш и насекаде националистичка мобилизација го труе целото општество. И ги гледаме резултатите три години подоцна од ова отровно вето и овие отровни позиции. Гледаме шро се случува. Во Бугарија 80% од Бугарите сакаа Македонија да биде членка на Европската унија. Сега 60% не сакаат, а исто така израснаа од овој отров про Путински, проруски расположенија во Бугарија кои во моментот го трујат и општеството и политиката, вели Даинов.
Тој додава дека има партија во парламентот која тврди дека Русија е во право, дека Украинците треба да бидат уништени и треба да бидат уништени оние Бугари во Бугарија кои ги подржуваат Украинците, како што сум јас на пример.
Така да за Бугарија ова вето и оваа позиција е отров и тој се распространува, не стои на едно место, се распространува низ целиот општествен организам и мојата теза е дека во наш интерес, на Бугарите веднаш да се најде начин тоа да се сопре. Прашањето е, ако Владата утре каже „го отстрануваме ветото“, тоа ќе биде веднаш симнато и во Парламентот и во општеството ќе се добие проруски, про-Путински пуч. Може да има и државен удар. Сето тоа дојде од ова вето. И ситуацијата е исклучиво сложена за Бугарија, за Македонија исто, но за Бугарија веќе е прашање на безбедност на национална безбедност, посочи Даинов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.