Нашиот македонски дипломатски синдикат е последната институција која се грижи за македонската дипломатија и која се бори за професионална способна и автентична македонска дипломатија која ќе биде на линија на заштита на виталните државни интереси, изјави поранешниот амбасадор Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.
„Последните години во целата држава па и во министерството за надворешни работи не видена партизација зема замав. Сите под наводници неподобни дипломати се шиканирани и понижувани на разни начини, со бркање од работа, изложување на дисциплински постапки, деградирања и мобинг“, рече Дабиќ.
Дабиќ потенцираше дека пред 2 години кога министерот Османи стана министер и дојде кај нас, нашиот синдикат го предупреди и му кажавме дека негова главна задача е да го врати дигнитетот и достоинството на македонската дипломатија целосно уништено од неговиот претходник Никола Димитров.
„Денес наши колеги се изолирани исфрлени од сите процеси. Кабинетот на министерот како некоја феудална кула го чува министерот Османи од дипломатите. Османи истите тие дипломати ги злоупотребува со невидена леснотија кога ќе сака да си ги покрие своите гревови“, кажа Дабиќ.
Дабиќ додаде дека без око да му трепне тој неодамна изјави дека најискусните дипломати во МНР го проучувале францускиот предлог. Не министре, најискусните дипломати ниту го беа виделе а уште помалку анализирале францускиот предлог, а не пак рамката и протоколот.
Тој посочи дека добрата дипломатија ни е потребана за иднината и не ќе ја зачуваме на неа ќе треба да се потпираме а не на лажни ветувања.
„Македонскиот дипломатски синдикат не дозволува нашата служба да се израмнува со неколкумина корумпирани поединци на кој личната добивка им е пред државата и се добро наградени со мандати во странство“, заклучи Дабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.