Да требаше да се распише тендер за во РЕК веќе 100 пати ќе беше направено, но кога се во прашање лекови за пациенти од карцином се чека со месеци. Пациенти со неколку видови карцином се оставени без соодветната билошка терапија цел месец, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека животот на десетици пациенти е загрозен, затоа што цел месец не можат да ја примат потребната терапија, затоа што во Клиниката за Онкологија ја нема, а ја нема затоа што не е распишан тендер за набавка.
– Доколку набргу не се распише тендер за набавка на биолошка терапија ќе снема и за други видови карцином, и животот на голем број наши сограѓани може да стане целосно невозможен. Што треба да се случи за власта да ги набави потребните лекови? Дали вака ќе се чекаше и доколку требаше да се распише тендер за камиони или ископ во РЕК, или таму имаат интерес фирмите со струмички камиони и тендерите бргу одат? Апелираме власта да не си поигрува со животите на нашите сограѓани болни од карцином, и веднаш да ја обезбеди потребната билошка терапија, се додава во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.