Сакам да испратам порака и до земјоделците, рече Мицкоски на вечерашниот собир, со кој беше означен почетокот на предизборната кампања на претседателските избори, и потсети дека во земјоделието се создаде олигархија која го уценува и потчинува земјоделецот.

Оваа влада за вас не направи ништо. Напротив и тоа малку ви го зема. Во земјоделието се создаде олигархија која го уценува и потчинува земјоделецот кој е незаштитен во ниту еден поглед. Доаѓа крајот на тоа. Време е за промени. Приклучете се и поддржете домаќинска политика од која ќе бидете задоволни, почитувани и среќни.

Пораката до докторите гласи:

Здравствениот систем не е во распаѓање, тој е целосно распаднат. Вашиот труд и углед е нарушен од тие кои наместо белиот мантил ја одбраа корупцијата и криминалот и поминуваат неказнето поради врските од власта. И тие не се мнозинство, туку штетата ја прават десетина луѓе кои ги узурпираат позициите. Трудот на лекарите е омаловажен и потчинет. Затоа е потребно да им се приклучите на промените, за да се направи ред во здравството, да се почитува знаењето и трудот и да се вреднува вашиот придонес за ова општество.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.