„За да креирате здравствена политика треба да бидете дел од политички систем. А, како доктор сте дел од здравствен систем. За здравствена политика потребен ви е политички систем. Мене ме повикаа од партијата ВМРО-ДПМНЕ да го вложам својот интегритет, своето искуство, своето знаење да креираме еден функционален здравствен систем од кој што ќе имаат добробит и пациентите и здравствените работници“, истакна д-р Ристо Симеонов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во поткастот „Каде се парите?“.

Симеонов додаде дека тој заедно со неговите колеги и со ВМРО-ДПМНЕ ќе формира соодветен здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Република Македонија.

Министер за здравство треба да биде серозна личност, квалитетна личност, реализирана и професионално и приватно, и најбитно од се на никого да не му должи ништо. Затоа што само таква личност може да има визија и идеја да формира нешто позитивно, нешто функционално“, рече Симеонов објаснувајќи каков министер за здравство е потребен на Македонија.

Тој посочи дека Македонија треба да примени функционален здравствен систем од соседството на пример како што е во Хрватска, Словенија, Србија итн.

Кај нас години наназад па и децении пратени доктори на специјализација од болници во Охрид, Битола, Тетово, Штип, пратени на специјализација во Скопје, затоа што системот на специјализација може да се одвива само во Скопје. Такви се условите. Сите тие во тек на специјализацијата од петни жили ќе најдат начин најчесто политички да останат да работат во Скопје. И сега имаме проблем. Проблемот е што 95% од граѓаните се лекуваат во Скопје“, укажа тој.

Тој додаде дека треба да започне да функционира систем на регионализација. Ако се заврши со градбата на клиничката болница во Штип, значи тоа ќе е еден регионален центар, па тука се и Струмица, Битола, Охрид, Тетово. Потребно е да има 5 регионални центри на територија на Македонија.

Доктори и здравствени работници од Скопје ќе одат да работат во тие регионални центри. Каде пишува дека треба работното место да ти е преку улица“, посочи Симеонов.

Симеонов рече дека тоа не е казнена експидиција туку ќе се херои и ќе бидат соодветно наградени ако работат во регионалните центри. Тоа ќе се одвива по принцип на ротација.

Сега е потребен принцип на потреби, а тој принцип на желби го урниса здравствениот систем во Македонија“, нагласи тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.