Прим. д-р Жаклина Шопова од Инфективната клиника, на социјалните мрежи го критикува протоколот според кој еден пациент мора да прави нов тест за Ковид-19 при секое испитување на коешто ќе биде испратен.
Статусот на д-р Шопова го пренесуваме во целост:
Во една економска и здравствена криза, ако еден пациент заради одреден здравствен проблем се упати во една институција и таму врз основа на клиничкиот преглед лекарот назначи тест за ковид, и доколку истиот излезе негативен, па се упати на дополнителни консултативни прегледи во уште 3-4 здрав. институции замислите… По 2 години пандемија, после поставениот протокол за постапување при сомнение за коронавирусна инфекција, пациентот се тестира секаде, дали со брзи, дали со ПЦР тестови !!!
Дали ние, мислам генерално како држава, имаме во здравството толку голем буџет, па еден ист пациент го тестираме по 4-5 пати во еден ден од една страна, а од друга, немаме доволно термини за останатите пациенти да се тестираат во јавните здравствени установи.
Дали г- дине министер за здравство сте запознаени со овој проблем на пациентите !?
Дали сте запознаени како директорите назначени од Филипче ги менаџираат здравствените институции при што трошат пари на граѓаните, а граѓаните принудени се да плаќаат по приватните лаборатории и приватните болници!?
И по 2 години пандемија секој си постапува како сака, како мисли дека е правилно!!!
Вие сте на местото, вие сте тој кој треба да стави ред во здравството!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.