Доктор Жаклина Шопова, преку социјалните медиуми реагира дека некои од директорите на клинитеим се заканувале на вработените во болниците поради штрајкот на здравствените работници на клиниките.

За да потсетам ако некој (од директорите), не го прочитал колективниот договор, треба да знае дека секој има право да користи пауза за доручек, за ручек, зависно во која смена работи‼️… за протест и штрајк нека си прочитаат кое што е, и како се организира, бидејќи некои директори не се членови на синдикатот па најверојатно не знаат, и поради незнаење им се заканувале на вработените… а, пак оние директори кои се членови на синдикат денес ги немаше на хелиодромот!

 

Да ја потсетам Владата, Министерството за здравство дека белиот мантил и останатиот медицински, но и помошен персонал во сектор здравство беа, се и ќе бидат ХЕРОИ, но ниеден од нив нема да дозволи да биде деградиран, на начин на кој само оваа Влада го прави тоа‼️, реагира д-р Шопова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.