И покрај тоа што денеска Фондот за здравствено осигурување почна да ја исплаќа јануарската плата, утре синдикатот од Клинички центар ќе има Извршен одбор, на којшто ќе одлучува за понатамошните чекори.
Ова датира од пред три години и доцнењето на оваа плата ја прелеа чашата, вели д-р Предраг Серафимовски од Синдикатот на Клинички центар.
Лекарите дополнително се чувствуваат изиграно затоа што не се остварило ветувањето од 10% годишно зголемување на нето-платата на здравствените работници.
Тоа ветување ги одлучи изборите. 25.000 доктори знаете какво влијание имаат врз народот. Со тоа ветување во изминативе три години, требаше да ни се зголемат платите 30%, а ние зедовме едвај 5%. Тоа го ветија во моменти на здравствена криза, ковид пандемијата. Зголемувањето на минималната плата предизвика уште поголем раздор меѓу здравстевните работници, затоа што не се плаќа според степен на образование, со што хигиеничарот „ја скока“ со плата медицинската сестра, вели доктор Серафимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.