Нè очекува нова пандемија на ментално здравствени тешкотии, вели психијатарот Антони Новотни во утринското гостување на Студио 10.

Многу настани го одбележаа изминатиот период, а некои и во моментот траат. Пред наши очи се случува војна, изненаден сум дека во 21 век се случува ова. Можеби рецепт за сите е да размислуваме да се вратиме дома во симболична смисла, во семејството. Таму каде што можеме да разговараме, да планираме, да се свртиме кон радост, вели д-р Новотни.

Тој потенцира дека постојат многу механизми на одбрана.

Потиснуавме, се изолираме, се обидуваме да рационалзиираме. Луѓето денеска заземаат страни, па дури и дома дискутираат кој е во право кој не. Некои работи треба да ги заборавиме. Агресијата не треба да биде дел до нашето поведение. Мора да се свртиме кон доброто. Зарем не ни беше добра поука претходната пандемија? Колку нешто може сè да промени. Треба да зборуваме и да ги вратиме моралните вредности, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.