Д-р Игор Г. Николов утринава одржал конструктивна средба со д-р Димитар Ангелески, директор на Медицинскиот симулациски центар во Скопје. На средбата се разговарало за идните планови за развој на оваа оваа установа, која е исклучително важна.

Како што објави на својот профил на социјалните мрежи д-р Николов, Медицинскиот симулациски центар во Скопје е особено важен во делот од процесот за стекнување практични вештини, неопходни за стекнување на називот доктор на медицина, потоа за процесот на полагање на практичниот дел од стручниот испит и дел од процесот на стекнување практични вештини за стекнување стручно звање специјалист и супспецијалист и тн кои задолжително се изведуваат во Медицинскиот симулациски центар.

Убеден сум дека под водство на д-р Димитар, ќе бележи напредок,развој и надградба оваа установа која се основа како установа согласно Законот за установи и тоа со удели – Министерство за здравство, Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј”-Скопје, Медицински факултет при Универзитет “Гоце Делчев” во Штип, Државниот универзитет во Тетово и Лекарската комора на Македонија, објави д-р Николов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.