Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по распишаниот јавен конкурс за именување на медицински директор. За местото конкурирал и д-р Сашко Јовев, но и покрај искуството и достигнувањата во македонската медицина и кардиохирургија, не е избран.

Конкурсот бил објавен на 15 ноември.

Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија во јуни.

Тој учестуваше со свое предавање и на Првата академија за здравство во организација на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во април годинава на која истакнати здравствени лица дебатираа за новите методи и интервенции кои се воведуваат во јавното здравство. Во фокусот беа областите како кардиологија, кардиохирургија, анестезиологија, гинекологија и ортопедија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.