Нема терапија за болните од рак, нема парно, се затвораат одделнија по болниците, но има три медицински факултети на кои се штанцаат дипломи, алармира д-р Олга Лозановска, специјалист – интернист во болницата во Битола и пратеничка на ВМРО ДПМНЕ во Собранието.

Нема терапија за пациентите со малигни заболувања (пациентите се приморани да си ги купуваат лековите од соседните држави)
На Клиниката за ГЕХ нема колоноскопија со анестезија
На Клиниката за Кардиологија нема спазмолитици во ампуларна форма
Во болницата во Чаир нема парно греење
Во Клиничка болница Битола нема парно греење
Има недостиг на инсулин, па мора на пациентите да им се менува терапија
Во Клиничка болница Битола ангиографот “патува” повеќе од четири години
Се затвораат одделенија (пнеумофтизиологија, физикална)
Нема иновативна терапија на позитивната листа, која не е ревидирана неколку години
Се уште се даваат лекови, кои во другите европски земји не се користат
Затоа имаме четири клиники и три медицински факултети на кои се штанцаат дипломи, па преку ноќ стануваат доктори, со титули и без нив, по желба.
Само ВАКА ЌЕ ОДИМЕ ОДЛУЧНО КОН ДНОТО!!!!, пишува д-р Лозановска на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.