Инцидентот на Кардиохирургија денеска покрена лавина реакции. Додека едни обвинуваат дека доктор претепал директор, а вербално нападнал медицинска сестра, обвинетиот тврди дека тој е нападнат и ќртва во целиот инцидент. МВР денес информира дека сегашниот директор на клиниката, Марјан Шокаровски, бил физички нападнат од вработен во установата со иницијали С.Ј. Дел од медиумите објавија дека се работи за доктор Сашо Јовев кој влегол во конфликт со Шокаровски. Но Јовев пак за медиумите дематира дека воопшто нападнал некого. Според него имало само вербален напад, во ниту еден момент физичка пресметка како што беше објавено. тврди дека е под постојан мобинг, а денеска и вербално бил нападат од директорот.
-Ми беше прв ден на работа после боледување. Дојдов, се поздравив со сите колеги, јас со сите сум во добри односи. Ме чекаа 17 пациенти. Директорот мене вербално ме нападна, се однесуваше недолично и не ми дозволи да одам во амбуланта. Ми се обрати со зборовите „Ти пред мене“, „Доаѓај ваму, пред мене“… Јас на тоа вребално му вратив. Му реков да не се однесува така со мене, кој сум постар и реков „Да не ти се случи друг пат ова“. Пријавив дека сум вербално нападнат. Ниту тој ме удри мене, ниту јас него. Под постојан вербален напад сум и трпам мобинг, затоа отидов да пријавам. Тој се закануваше со полиција, јас знаев што сака да направи и затоа сам пријавив, вели Јовев за КУРИР.
Поранешниот директор изјавува дека долг период трпел неправди и стресови на работното место. Се сомнева дека зад сево ова стои нечија жела тој да замине од клиниката.
-Веројатно сакаат да си одам од клиника, можеби претставувам „опасност“ па сакаат да ме тргнат. Знам за се што се случува. Директорот има поддршка од некој, од тој некој што ме сменил мене од работното место. Ова е монтажа и сакаат да ме натераат да си одам. Процесот со моето разрешување не е завршен, знаат дека е можно да се вратам, истакна Јовев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.