Проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво, на денешниот собир на тема „Здравје за сите“, по повод на Светскиот ден на здравјето одржан во Скопје, истакна дека еден од приоритетите е стимулативна регионализација на здравството.

Дајте да проработат болниците во Штип, Дебар, Струга и Кочани, со жал кажувам дека сега немаме ни царски резови во Кочани кои сме ги имале пред 10 години. Тоа е нашиот приоритет. Втора работа на која треба да поработиме е да промениме некои закони. Заеднички ќе работиме на тоа како што е Законот за додатната дејност на лекарите, кој е многу стимулативен, изјави Димитров.

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор, кои, според него, ќе следат откако другите здравствени установи под капата на Министерството ќе се изјаснат кој кадар им е потребен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.