За каква безбедносна проверка со НАТО зборува Виктор Димовски, кога таквиот вид на проверки се однесуваат само за лица кои треба да бидат носители на НАТО безбедносни сертификати? праша Наќе Чулев.

Ова е најобична безбедносна проверка за државјанство. Најдалеку во оваа смисла може да се обратат до соодветната служба на земјата чиј државјанин бил Онишченко, а тоа е Украина. Постапката за добивање државјанство се води во Министерството за внатрешни работи, од каде предметот бил испратен на мислење во АНБ . Токму Директорот на АНБ, согласно со законот е тој што со потпис на актот дава позитивно или негативно мислење на институцијата. Не постои никој друг поодговорен во моментов од самиот Виктор Димовски, истакна Чулев на својот Фејсбук профил.

За да биде појасно, постојат две збирки на податоци кои се од отворен карактер и до кои е сосема доволно да се пристапи за да се добие вистинска “проверка” за лицето на кое Владата му дала државјанство. Првата е интернет страната на МВР на Украина, каде во делот на потраги по лица стои фотографијата и името на Олександр Онишченко и втората е интернет страната на американскиот департмент за финансии каде исто така во делот за лица под санкции стои името на Олександр Онишченко. Еве и линкови до истите:

https://wanted.mvs.gov.ua/searchperson/details/…

https://sanctionssearch.ofac.treas.gov/Details.aspx?id=30877

Имајќи предвид дека целата одговорност е лоцирана токму во АНБ, ОЈО веднаш треба да покрене постапка за утврдување на кривична одговорност на Виктор Димовски, Владата треба веднаш да го разреши Димовски, а Претседателот да го блокира неговото испраќање за амбасадор во Франција, додаде Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.