Тежок блам за Пендаровски, човек кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по информацијата дека претседателот потпиша указ со кој го испраќа Фрчкоски во Њујорк.
Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90тите години. Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен. Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали. Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк. Пендаровски ги потценува САД. Пендаровски го нарушува угледот на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.