Десетина наставици излегоа на протестот на просветните работници што го организира СДСМ.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20 000 просветни работници, уште вчера најави дека членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот.
Денешниот протест, на кој се обрати и претседателот на СДСМ Венко Филипче, за ВМРО-ДПМНЕ бил „фијаско“.
Фијаско на СДС пред МОН, само дваесетина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов за протестот на наставниците поттикнат од СДСМ.
Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори. Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во Царина и така натаму.
Буџетот има пари, но платите не се приоритет. Ако имаше средства во времето на СДСМ, и тоа во најголемите светски кризи, здравствена, економска, енергетска како нема пари овој септември за да се покачат платите на просветните работници, изјави Филипче од Паркот на новинарите кај МОН.
За ВМРО-ДПМНЕ, пак, фактите се други. Според Попов, факт и реалност е дека СДС беше на власт до пред 2 месеци.
Тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДС се лицемерни, вели во изјавата Попов.
Овој собир пред почетокот на учебната година е алармирање на власта за погрешните политики во образованието.
Апелирам Владата да се соземе и сфати дека без редовно покачување на платите, во услови кога цените растат и тие не ги контролираат како тоа што го правеше СДСМ, животниот стандард ќе паѓа. Економијата нема да расте како што најавуваат и ќе создадат се потежок живот за граѓаните и работниците, изјави Филипче, на што Попов одговори дека наставниот кадар не наседнал на политиканството на СДС.
Кога СДС беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците. Сега сето тоа е различно ВМРО-ДПМНЕ го враќа дигнитетот на наставниот кадар, а платите ќе се зголемат од март 2025 година. Наставниците ја гледаат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Наставниот кадар ќе добие зголемување на платите во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, многу нови инвестиции во образованието и подобрување на неговиот квалитет“, вели Попов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.