Членовите на таканаречената работна група за уставни измени неофицијално споделуваат информации дека со промената на Преамбулата на Уставот Македонија треба се редефинира како држава на два народи, а другите граѓани ќе бидат етнички заедници и малцинства, оговори на новинарско прашање претседателот на ВРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во три столба ги градираат сите наши сограѓани и тоа е дојдено како информација директно од работната група, рече Мицкоски и повтори дека таа тема за ВМРО-ДПМНЕ е затворена, уставни измени во овој состав и под овие услови нема да има.

Мицкоски уште еднаш побара да се примени промена на Уставот по хрватски модел.

Условите или ќе се сменат за да почнеме да размислуваме во таа насока, или нема да има. Со овие услови, со овие околности, нема да има. Ние предложивме, цело време сме проактивни и велиме, вие го споменувавте тој модел, ние велиме тој модел е модел на земја-членка на Европската Унија, ајде да го примениме, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.