Покрај историската комисија со Бугарија, малкумина знаат дека има и комисија за односите со Грција која произлезе од Договорот од Преспа. Се работи за Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и за комисијата за троговски марки.
Овие комисии од македонска страна се формирани и извори во МНР велат дека членовите „лапаат“ хонорари од по 1000 евра месечно.
До сега нема информации, дали оваа комисија одржала состанок со нивните грчки колеги или дали донеле некаква одлука.
Оваа комисија треба меѓу другото да ги договори трговските марки и користењето на терминот „македонски“.
Трговските марки на прозводите од Македонија и од Грција допрва треба да се договорат, но премиерот на Грција Мицотакис пред неколку дена најави дека нема да дозволат дека да има македонско вино од Cеверна Македонија и оти се пред крај на регистрација на трговската марка “Маcedonia the GReat“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.