Премиерот Христијан Мицкоски денеска од 10:30 часот ќе го означи почетокот на изградбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски“, во село Драчево, Општина Кисела Вода, соопшти владината прес-служба.

На поставувањето на камен темелникот ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Новото училиште ќе биде со капацитет од 500 ученици, 19 училници, канцеларии и други придружни простории.

Предвидено е по настанот премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Во интервју пред неколку дена тој порача дека можно е да го гледаме повеќе пати на ден со лопата во раката, зошто тоа значи дека се реализираат проекти значајни за граѓаните.

Ако го реализираме тоа што го ветуваме тогаш можеби и по неколку пати на ден ќе ме гледате со лопата во раце или како пуштам некој од проектите кој веќе е завршен, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.