Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

-Со чествувањето на овој празник, институционално и како граѓани на Република Македонија, изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е дел од мноштвото култури, обичаи и јазици кои ја красат Република Македонија. А Република Македонија е богата земја во која посебноста на секоја заедница, како нејзин заштитен знак и идентитет, во природна симбиоза со другите посебности, претставува одличен пример и автентичен индикатор за степенот на демократска зрелост и изградена граѓанска свест во нашето општество, вели Џафери во честитката.

Дозволете, пишува претседателот на Собранието, да ви упатам искрени честитки и да ви посакам светлината на образованието секогаш да ви го осветлува патот и мислата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.