Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.
Овој празник на Божјата Мајка говори за нејзината чистота, сила и верба во Спасението Господово, бидејќи таа, завршувајќи го земниот живот на ваков најсвет начин, била преземена со душа и тело во небесна слава. Таа е вечно жива, бидејќи ни го донела Христа, а преку него и бескрајното спасение на човековиот род. Нека добрите дела, љубовта и радоста бидат дел од нашето секојдневие. Да напредуваме сите заедно, да се радуваме на просперитетот на државата, заедно да го изодиме патот кон иднината, онаму каде што припаѓаме, во европското семејство. Ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје и радост, меѓу најблиските. Нека е за многу години!, се вели во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.