Македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упатија честитка по повод Курбан бајрам, еден од најголемите муслимански празници.

Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Албанија, во Република Македонија и во целиот свет, честит Курбан бајрам со желби за добро здравје и благосостојба во сечиј дом. Ваквите големи празници нè потсетуваат дека без разлика на тешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат, стои во честитката потпишана од претседателот на Друштвото, Никола Ѓурѓај, и од огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

Се посакува меѓу луѓето „постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба“.

Драги верници од исламска вероисповед, од мое лично име и од име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ви го честитам големиот празник Курбан бајрам, кој претставува симбол на солидарноста, и ви посакувам здравје, љубов, среќа и хармонија во вашите семејства. Од сè срце ви посакувам празничните денови, да ги поминете во добро расположение, покажувајќи ја солидарноста, меѓусебното помагање и почитување што се вредности на овој празник, стои меѓу другото во честитката на МАЕИ, потпишана од претседателот Васил Стерјовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.