Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед, Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Македонија и од мое лично име, да упатам честитки по повод првиот ден на светиот месец Рамазан, со кој почнува и триесет дневниот рамазански пост. По тој повод, упатувам желби до сите граѓани кои ќе бидат дел од тоа искушение за телото, умот и душата, да најдат во себе сила, верба, желба и мотив да го пребродат со леснотија физичкиот пост и менталното и душевно прочистување, вели Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија во честитката по повод првиот ден на светиот месец Рамазан.

-Тоа ќе ни помогне на сите да се нурнеме длабоко во себе, да го најдеме најдоброто во нас и да го шириме и споделуваме со нашите блиски членови од семејството, со соседите, соработниците и со познати и непознати околу нас. Живееме во тешко време на предизвици од сите видови како економски, енергетски, политички, безбедносен, здравствен, социјален, општествен и многу други. Многумина околу нас се изгубија или го загубија патот што го следеа. Да бидеме нивното светло, нивниот зрак на надеж кој што ќе им го осветли патот за да не се чувствуваат осамени. Да бидеме солидарни, милостиви, полни разбирање и почит за немоќните и несреќните. Тоа ќе ни ги исполни душите со радост, домовите со убава и позитивна енергија, спокој и благосостојба а добрите мисли и дела нека бидат нашата водилка секој ден, не само за време на Рамазанскиот месец од кој се надевам дека ќе излеземе подобри луѓе за нас самите и за сите околу нас.

Почитувани верници, дозволете уште еднаш да Ви го честитам првиот ден на Рамазан, да ви посакам лесни и прифатени пости!, стои во честитката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.