Честитка по повод празникот Св. Климент Охридски до православните верници, во свое и во име на пратениците, упати претседателот на Собранието Талат Џафери.
Ви го честитам големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски, празник на основоположникот на црковниот живот во Република Македонија и ревносен ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија, најдобар пример за тоа како да се допре до срцата и умот на следбениците за да се постават солидни основи за произведување трајни вредности кои, покрај тоа што се значајно наследство за идните поколенија, се и скапоцен дар за светското духовно и просветителско наследство, пишува во честитката на Џафери.
Во неа претседателот на Парламентот порачува „да се обидеме да бидеме достоинствени чувари на тоа наследство“.
Заедно да го збогатиме со сета духовна и просветителска разноликост што го краси нашето општество и што не обединува како граѓани на нашата заедничка држава, Република Македонија, додава Џафери во честитката по повод празникот посветен на патронот на македонската култура и писменост и прв словенски епископ – св. Климент Охридски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.