Сојузот на Македонците со Исламска религија, СМИР,  упати  честитка до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор, посакувајќи и плодна и успешна работа.

Вашата инаугурација како прва жена Претседател на Република Македонија, стои во честитката, е историски момент кој го поздравуваме со особено задоволство.

-Веруваме дека со успех ќе ја водите државата и ќе покажете дека успешно може да се оди и кон Европа но и да се штитат интересите на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, се наведува во честитката потпишана од Латиф Пајкоски, претседател на СМИР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.