Препораките на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се проблематични од неколку аспекти и како такви ќе предизвикаат бурна реакција во македонското општество, велат неколкумина познавачи на оваа проблематика за „Нова Македонија“.
Според нив, иако препораките треба да бидат врз основа на историските извори и факти, сепак, во нив преовладуваат ставовите на бугарската историографија. Во овој контекст е укажувањето во препораката дека цар Самуил е владетел на голема средновековна држава, која „поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско Царство“ со центар во територијата на денешната македонска држава.
Според информациите до кои дојде весникот, оваа отстапка од македонска страна е направена непосредно пред зачленувањето на Македонија во НАТО, со цел да не настанат компликации околу приемот во оваа воена организација.
Исто така, македонските и бугарските членови на комисијата усогласија препорака за заедничко чествување на Григор Прличев, а тоа беше потврдено и јавно од Драги Ѓоргиев. Меѓутоа подоцна бугарските членови ретерираа од усогласената препорака. Според информациите на „Нова Македонија“, бугарското отстапување од договореното било поради тоа што во препораката се вели дека Григор Прличев бил значаен и за македонската култура.
Целиот текст на „Нова Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.