Министерот за надворешни работи на режимот во Македонија, Бујар Османи по трет пат измисли изговор за да избегне судско рочиште против него. На 26 декември 2023 година Османи требаше да одговара согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Претходните две рочишта требаше да се одржат на 15 мај 2023 година и на 15 септември 2023 година. Во сите три случаи Османи тврдеше дека има „неодложни обврски“, иако многу порано му беше кажан денот на судењето. На нив требаше да се дадат завршните обраќања во процесот што го покрена Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и неговиот претседател Бил Николов.

Османи ги наклевети ММДЧП и Николов поради нивниот активизам за одбрана на правата на Македонците – во конкретниот случај: правата на жестоко дискриминираното македонско малцинство во Бугарија. Ваквите клевети се тактика која често пати ја употребуваат режимот и неговите поддржувачи во американската Влада.

Режимот во Македонија беше донесен на власт од Соединетите Држави, а во интерес на нивните надворешно-политички цели. Тој ја наметна промената на името во крајно навредливото „Македонија“, и презема натамошни чекори да го уништи македонскиот етнички идентитет. Режимот е озлогласен по бруталните напади врз човековите права и врз сите неистомисленици,од кои голем дел се извршува преку целосна американска/режимска контрола врз македонското судство, велат од ММДЧП.

Трајче Торов, адвокат на ММДЧП и на Николов, изјави дека „Османи повторно одби да се појави пред судот и со тоа покажа целосно непочитување на судот и немање чувство за одговорност. Крајно необично е што Османи двапати може да го одложи рочиштето. Ова е безмалку нечуено во македонското судство, и е јасен показател за неговата ароганција и вина.“

Во претходен спор, судот во Скопје пресуди во полза на медиумот 360 Степени, иако неговиот уредник Васко Попетревски пред судот призна дека ги наклеветил ММДЧП и Николов, обвинуваат од ММДЧП.

Претседателот на ММДЧП Бил Николов изјави: „Со употреба на вакви тактики Османи несакајќи ни помага во разоткривањето на режимот. ММДЧП ја изнесува пред светот секоја незаконска и недемократска постапка спротивна на човековите права која ја презема режимот. А Османи би требало да знае дека САД на крајот ги напуштаат своите ‘пријатели’. Ако не знае, нека го праша Зоран Заев.“

Извор: МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.